Најефективно решение во пакувањето, по најниска цена!

Ние сме лидери во понудата на сертифицирани џамбо вреќи со врвен квалитет и единствени кои нудиме вреќи безбедни за ракување со храна (foodgrade)

Што се џамбо вреќи?

Џамбо вреќите се вреќи со големи димензии и носивост над 1 тон. Се изработуваат од полипропилен и се користат за пакување, складирање и транспорт. Нивните димензии може да варираат во зависност од потребите на корисникот и токму тоа ги прави да бидат најдобар избор во пакувањето.

Материјал, димензии и носивост

Материјалот од кој се изработени џамбо вреќите (Big Bags) е полипропилен, кој може да биде платниран или неплатниран. Нивните димензии се движат од 70см – 110 см во ширина, од 90 см – 110 см во должина и од 50 см – 250 см во висина. Тие имаат носивост над 1 тон, односно 1000кг, 1200кг или 1500 килограми, во зависност од нивната намена.

Употреба

Џамбо вреќите (Big Bags, FIBC, Bulk Bags) се користат во многу индустрии, бидејќи се погодни за манипулирање. Тие овозможуваат навистина лесна манупулација во складиштата затоа што, кога се полни, може да се складираат едни врз други.  Понатаму, тие се стеснуваат до волуменот до кој се наполнети, што значи завземаат многу помалку место во складиштата во споредба со другите типови на пакување. Исто така, се навистина практични за транспорт, лесно може да бидат натоварени на транспортно средство поради нивните рачки и директно да бидат испорачани кај потрошувачите. 
 
Индустрии во кои се употребуваат Џамбо вреќите (Big Bags):
 
  • Прехрамбената индустрија за складирање и транспорт на семенски материјал, брашно, жито, ориз, јачмен, шеќер итн;
  • Градежната индустрија за скадирање и транспорт на градежен шут, цемент, песок итн;
  • Хемиската индустрија за скалдирање и транспорт на разни гранулати, земјоделски ѓубрива;
  • Рударската индустрија за транспорт и  складирање на руда;
  • Во останатите индустрии за складирање и транспорт на разни суровини, полупроизводи, производи и отпад.

Предности на нашите Џамбо вреќи (Big Bags, Bulk Bags) во однос на другите типови на пакување

Ефективната манипулација и испорака станува се позначајна за зголемување и одржување на конкурентноста на компаниите. Во вашиот избор на соодветно пакување ви препорачуваме да ги земете во предвид следниве предности на нашите вреќи:
 
  • Ви нудиме најквалитетни вреќи по најниска цена на нашиот пазар 
  • Џамбо вреќите се јаќи и издржливи
  • Вреќите може да бидат дизајнирани во зависност од вашите потреби, бидејќи ви нудиме различни решенија во поглед на величината на вреќите и различни решенија за нивно полнење и празнење
  • Особена предност на вреќите е што тие се смалуваат до големината на нивното полење, што ги прави најсоодветен и најекономичен избор за складирање и транспорт
  • Вреќите сами по себе имаат ниска тежина со што значително ги намалуваат трошоците за транспорт и складирање

Типови на вреќи

Во понудата на Импералис ГМБ има џамбо вреќи со различни опции на влезот и излезот, како и различни димензии и платно. На влезот џамбо вреќите може да бидат отворени, со горен вентил, со клапна или суќна на влезот, додека пак излезот односно дното, може да биде затворено или со вентил. Димензиите на вреќите се движат од 90 см – 110 см во ширина, од 90 см – 110 см во должина и од 50 см – 250 см во висина. Материјалот од кој се изработени е полипропилен, кој може да биде обложен или необложен.
Во продолжение е галерија со слики од џамбо вреќи кои се дел од нашата понуда:
Вреќа со отворен влез и затворено дно
Вреќи со горен вентил и затворено дно
Вреќи со горен и долен вентил
Вреќи со клапна на влезот и затворено дно
Вреќи со клапна на влезот и долен вентил
Вреќи со сукња на влезот и затворено дно
Вреќи со сукња на влезот и долен вентил

ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД ДРУГИ ТИПОВИ НА ВРЕЌИ?

Слободно контактирајте нѐ. Во зависност од желбите и потребите на клиентот, компанијата Импералис ГМБ може да понуди и други типови на вреќи и димензии на вреќи, изработени со најдобар квалитет и по најниска цена на пазарот.