Нерѓосувачкиот челик (Stainless steel) завзема сѐ поголемо значење и има сѐ поголема употреба во индустријата. За таа цел Импералис ГМБ нуди широк спектар на производи од нерѓосувачки челик, односно разни квалитети на прохром и инокс. Благодарение на идеално координарите структури и залихи и цврсто воспоставена соработка со нашите соработници ширум светот, Импералис ГМБ е во можност да ви ги достави сите барани производи од нерѓосувачки челик во најкраток можен рок.

Квалитети

Импералис ГМБ во својата редовна понуда ги нуди следниве квалитети на нерѓосувачки челик:
AISI 304, AISI 304L, AISI 316, AISI 316L, AISI 316Ti, AISI 310S, AISI 310
Видови на нерѓосувачки челик во нашата понуда

Табли и котури

Таблите се доставуваат во димензии согласно со познатите интернационални норми: ширина х должина: 1000 х 2000 мм, 1250 х 2500 мм, 1500 х 3000 мм, дебелина 1,05 мм – 20 мм. Котурите се доставуваат со ширина до максимум 1500 мм и тежина максимум  15 тона.

Безрабни цевки

Во нашата програма нудиме безрабни цевки од нерѓосувачки челик изработени според интернационални норми со различни димензии.

Полно железо

Нашата програма на полно железо опфаќа различни облици на полно железо, од кои во редовна понуда ги имаме:  
Кружни шипки
Шестоаголни шипки
Флахови
Дополнително, може да понудиме и други форми на полно железо, како квадратна форма, полукружна форма, винкли,  U – профили и Т-профили.

Фитинг

Во нашата понуда имаме различни облици и димензии на безрабен фитинг изработен од нерѓосувачки челик 304L и 316L согласно интернационалните норми, како што се: Крајни капачиња, колена 45⁰ и 90⁰, редуцири, т-рачви.

Фланши

Нудиме имаме различни облици и димензии фланши изработен од нерѓосувачки челик  304L и 316L согласно интернационалните норми.

Држачи за цевки

Во нашата понуда имаме два вида на држачи за цевки:
Држачи за цевки од полипропилен и нерѓосувачки челик
Држачи за цевки изработени од полипропилен и нерѓосувачки челик AISI 304 / 316 / 316Ti, дизајнирани да ги поддржат сите видови на цевки и црева до 12“. Држачите се состојат од комплет од две полипропиленски, полиамидни или гумени половини, кои се држат на плочка или шина со еден или два штрафа и навојки.
U-штрафови
U-штрафови изработени од нерѓосувачки челик 304L I 316L, комплет од штраф со две навртки и подлошки

Навојни склопки и фитинг изработени од полно железо

Исто така продаваме различни облици и димензии на навојни склопки и фитинг изработени шипки и цевки од нерѓосувачки челик  304L и 316L согласно интернационалните норми, како што се колена, капачиња, редуцири, навојки.

ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД ДРУГИ ПРОИЗВОДИ ОД НЕРЃОСУВАЧКИ ЧЕЛИК?

Слободно контактирајте нѐ. Во зависност од желбите и потребите на клиентот, компанијата Импералис ГМБ може да понуди и други производи од нерѓосувачки челик со врвен квалитет и најниска цена на пазарот.